Армани ја сели модната куќа од Париз во Милано

Светски познатиот дизајнер Џорџо Армани одлучи својата модна куќа од Париз да ја премести во Милано. Во иднина своите нови колекции ќе ги преставува во историското седиште на фирмата во Палата Орсини во Милано. Компанијата ова го одлучи откако во 2005 година го пресели своето седиште во главниот град на Франција.

Претставувањето на новата колекција ќе биде во склад со корона пандемијата, па таа нема да биде сезонска, туку колекција за зима и неколку модели за лето. Пролетната сезона за многу модни креатори, поради сите блокади, е испуштена, а светот на модата го очекуваат големи промени.

Како резултата на ова модната куќа „Армани“ соопшти дека услугите за креирање модели ќе ги направи подостапни за купувачите: тие самите да можат да учествуват и предложат измени на големиот број модели од сегашните и претходни колекции, да можат да бираат материјали и да бараат промена на кројот.

Дизајнерот неодамна откри дека машката и женската колекција Giorgio Armani и Emporio Armani  ќе бидат претставени во септември, исто така во Милано.

 

Scroll to Top