Влатко Стефановски подготвува нов албум

Додека е во изолација во неговиот дом во Тафталиџе, легендарниот музичар Влатко Стефановски, работи на новиот албум. Тој, објави слика од неговото студио „Езотериа“ и напиша дека создава нова музика. Работниот наслов на албумот e Taftalidze shuffle, а името е инспирирано од населбата каде што Влатко живее од дете.

Влатко во неодамнешно интервју за „Репортер“ зборуваше за музиката, но и за детеството во Тафталиџе со неговиот брат, драмскиот писател Горан Стефановски. Тогаш Влатко ни откри дека љубовта кон гитарата ја добил од Горан, но и дека претходно свирел на тапани. Тогаш ни раскажа и како Горан прво нему му ги читал драмите што ги пишувал, пред да ги објави.

Ја оставив партнерката сама, за среќа, беше згодна, па се снајде – искрено со Влатко Стефановски

Scroll to Top