Познатиот британски гитарист Брајан Меј, познат од популарната поранешна група „Квин“, заврши во болница. Тој преку социјалните мрежи им се обрати на своите фанови, дека се повредил за време на извршување на своите домашни задачи во градината.
„Го избегнав вирусот, но претераната работа во градинарството ме чинеше повреда. Го повредив мускулот на задникот и затоа не ви се јавив. Некое време нема да можам да одам. Болката е преголема. Не можам ни да заспијам без помош. Ќе бидам добро, само оставете ме да одморан некое време во мир и ќе ви се вратам“, напиша Меј на „Инстаграм“.
Рок легендата неодамна се јави на социјалните мрежи и по повод пандемијата со коронавирусот. Тој напиша дека луѓето јадат премногу меси и заклучи дека светот треба да се ресетира за да можат луѓето на Земјата да живеат исклучиво на начин на кој, тие со своето постоење, не ги загрозуваат другите видови.