Летен моден тренд: сандали како парче накит

Ултра рамни за егзотичен допир на денот или со висока пета за навечер?

Племенетите сандали се вратија во мода за летната сезона, совршени се и му даваат посебен шмек на минималистичкиот изглед, но и го надополнуваат елегантниот аутфит. Драгоцените детали не се само коланите: дизјанерите ги украсуваат скулптуралните потпетици со камчиња или го заменуваат каишот со елегантни ланчиња. Се носат со фармерки и бела маичка, но и со многу лесни кошули, свилени фустани и здолништа до колена, додаток, кој ја покажува вашата грациозна страна.

Па зошто да не ги носите на денот на венчавката, а потоа и на вечерата со пријателите? Во галеријата со фотографии можете да го откриете нашиот избор на сандали – рамни, со ниски или со високи потпетици – со колекцијата пролет/лето 2020.

 

Scroll to Top