Фановите можеби ќе треба да чекаат есен за повторна средба на тимот на „Пријатели“ за специјалната епизодата бидејќи директорите на HBO Max се надеваат дека ќе се снима пред публика во живо, а не оддалеку со ѕвездите во самоизолација, како што беше преходно нјавено.
Тимот на “Пријатели“ ќе се собере за нова епизода, односно лабава дружба, по повеќе од 15 години откако заврши серијата. Нивното дружење требаше да се емитува за стриминг HBO Max во мај.
Во специјалната епизода ќе има разговори со актерите и таа нема да биде класична епизода.
Роберт Гринблат, претседател на WarnerMedia Entertainment, компанија која започнува стриминг-услуга на Ејч-би-оу макс“ ( HBO Max) на 27 мај, во понеделникот изјави дека вреди да се чека за да може епизодата со ненапишано сценарио да се сними на традиционален начин.
„Се надеваме дека овој проект ќе биде завршен до крајот на летото. Добро ќе биде да се искуси можноста овие шест одлични пријатели како се опуштаат пред необична публика,“ Гринблат изјави за „Варајати“.
„Не сакавме да го сториме тоа на веб-повик, или во простор од шест квадрати и луѓе што зборуваат од нивните кујни и спални соби“, додаде Гринблат.
“Пријатели“ – во која глумеа Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер – заврши во 2004 после 10 години, но останува една од најпопуларните ТВ-серии на сите времиња. Фановите ширум светот сè уште ги гледаат репризите.