Додека кината се затворени, берлинците гледаат филмови на фасадите од зградите

 

Еден иновативен нов проект во Германија – „домашно кино“ кое ги поврзува локалните заедници во времето на изолација преку моќта на филмот.  Проектот „Фасадно кино“ организира проекции на филмови на фасадите од згради во Берлин, во што можат да уживаат цели станбени блокови.

 

„Нашата идеја беше да покажеме дека луѓето не мора да бидат врзани само за дигитални екрани, туку можат да отворат прозорец и заедно со цело маало да гледаат некој филм“, вели еден од организаторите на „Фасадното кино“, Олаф Каркхоф.

Берлинците можат да испратат мејл и да закажат проекција во своето маало. Единствениот услов е да живеат во блок во кој филмот во исто време ќе може да се гледа од барем 20 станови.

 

„Би сакале во исто време да одржиме над 100 проекции низ цел Берлин и притоа да има и концерти. Сакаме сите да имаа пристап до култура во овие тешки времиња“, вели Каркхо.

За потсетување, кината и филмот меѓу првите настрадаа во пандемијата на коронавирусот.

Scroll to Top