Додека “The Last Dance” се фокусира на животот и кариерата на Мајкл Џордан, не можете да зборувате за Џордан без да го спомнете неговиот соиграч од “Chicago Bulls” -Денис Родман. Тој беше интересен затоа што секогаш ги провоцираше противниците на теренот . Родман бил во брак три пати, а беше во врска и со Мадона.
Родман има три деца, кои се од неговата прва сопруга и третата сопруга, а неговиот втор брак – со Кармен Електра – беше краткотраен и без деца. Ако сте го гледале The Last Dance и сте љубопитни да дознаете повеќе за браковите на Родман….
Ени Бејкс
Родман и Бејкс беа во брак само неколку месеци во 1992 година, но нивната врска траеше неколку години. Иако тие биле заедно од 1986 година и добија ќерка во 1988 година, тие се разведоа по само 82 дена брак.
„Во ситуацијата со мене и мојата сопруга – јас никогаш не и обрнав доволно внимание затоа што бев премногу вклучен во мојата работа“, рече Родман во тоа време, во интервју за „Лос Анџелес Тајмс“. “Знаев во задниот дел на умот дека таа и моето дете се најважните работи. Но, тоа никогаш не го покажав навистина. Бев надвор од рамнотежа”.
Кармен Електра
Иако нивниот брак беше краткотраен, врската на Родман со Кармен Електра засекогаш ќе биде иконски момент од 90-тите години. Двојката се венчаше во Лас Вегас на 14 ноември во 1998 година.
Девет дена подоцна, Родман поднел барање за поништување на бракот, тврдејќи дека тој „не бил со добар ум“ кога тие се венчале. После поднесувањето на разводот, двојката за кратко се смирила и се обиде да ги реши работите до почетокот на 1999 година. Сепак, до март, тие официјално се пријавија за развод.
Мишел Моер
Родман и Мојер започнале да се дружат во 1999 година, а се венчаа во 2003 година. Пред да се земат тие имаа две деца. Нивниот брак беше неконвенционален; “Ние нема да живееме заедно. Ми се допаѓа така. Таа и децата доаѓаат за време на викендите”, изјави Родман.
Мојер поднесе барање за развод во 2004 година, но тие се смирија и останаа заедно до 2012 година.