Гевгелиските стоматолози, Александар Петковски и Томе Каркалашев, од дуото „ЧилАут“, вчера одржаа акустичен концерт за поддршка на сите нивни колеги доктори. Тие, за време на полицискиот час пееја еден час на отворено, и ги испеаја некои од најголемите македонски хитови.
„Преку стиховите ‘Чукни во дрво, вистина е, надвор е пролет, живи сме’ сакаме да испратиме порака за поддршка и благодарност до сите доктори кои во моментов се во првите борбени редови против коронавирусот. Можеби ноќните излегувањата сè уште не се дозволени, а не знаеме ни кога ќе се врати животот во нормала, но затоа знаеме дека гелгеличани уживаа на своите балкони. Се надеваме дека пораката која ја испративме ќе биде прифатена од сите“, вели Александар.
„Преку пораката немаме цел да селектираме професии. Многу професии се исто така изложени на ризик од вирусот. Доставувачите на храна, вработените во маркетите, полицијата, војската, лицата ангажирани за оддржување хигиена, возачите и уште многу други. Сите заслужуваат огромен апауз“, додаде Томе.
Настанот беше поддржан од градоначалникот на општина Гевгелија и кафулето „Пикасо“ кој го пренесуваше настапот на социјалните мрежи.