Српската пејачка Снежана Ѓуришиќ реши да ги зацврсти градите. Членката на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ која ослабе во изолација, сега сака да ги поткрене и градите. Но, не со пластични операции, туку со вежби и тренинзи, пишува таблоидот „Скандал“.
Тие се повикуваат на извор близок до пејачката, кој тврди дека Снежана веќе почнала да вежба дома.
„Таа купи справи за вежбање и внимава на исхраната. Се подмлади барем 10 години откако е во изолација. Сега сака да ги зацврсти и поткрене градите, па бара специјални вежби на Јутјуб, наменети само за гради и рамена и вежба по цел ден. Резултатите се гледаат, а таа е среќна“, рекол изворот на „Скандал“.