Една од најубавите и најпозитивни нијанси за ова лето е „шафран“, бојата која според „Пантон“ ќе ѝ даде доза на енергија и гламур на вашата гардероба.
Облекувањето во жолто на лето е секогаш одлична идеја. Оваа боја е способна совршено да го осветли нашиот изглед,а и да му даде вистинска доза на енергија за преку целиот ден. Топлата нијанса на шафранот одлично се комбинира со бели, кафени или неутрални нијанси, со розова, тиркизна и сина или виолетова… Затоа можете да им се препуштите на бројните комбинации.
Од миди здолниште до килот, од торби, сандали со високи потпетици, па дури и костими за капење.