ОВЕН
Водете сметка за тоа со какви луѓе сте опкружени на деловно поле. Не треба да им верувате на сите. Не сте премногу заинтересирани за нова љубовна врска. Проблеми со грлото.
БИК
Ненадејните пресврти ве збунуваат. Во овој период не треба да правите поголеми деловни планови. Можеби доаѓате до помали несогласувања со саканата личност, но ќе успеете сѐ да решите. Водете сметка за тежината.
БЛИЗНАЦИ
Вашата нервоза може да биде слаба точка на работното место. Неопходно е да работите на вашата самодоверба. Пред вас е можност да влезете во нова љубовна врска која би траела на подолги стази во иднина. Проблеми со бубрезите.
РАК
Потребно е да го дадете својот максимум околу деловните договори за да го извлечете најдоброто од себе. Потребно е да се потрудите да ги покажете искрените емоции кон партнерот за да се подобри вашиот однос. Намалете внесување на масна храна.
ЛАВ
Големи се шансите да имате некои неочекувани проблеми со соработниците. Неповолен ден за работа. Саканата личност ќе ви покаже дека и е потребно време за да се одлучи за посеризони чекори. Чувствителен стомак.
ДЕВИЦА
Нетрпеливи сте и не ви е лесно да почекате работите да се одвиваат по природниот тек. Склони сте кон избрзување. Не сте задоволни со брачната ситуација. Со саканата личност имате недоразбирања. Проверете ја крвната слика.
ВАГА
Максимално сте посветени на обврските кои ги имате. Работата ви е особено важна во животот. Доколку имате партнер, со него се присутни и некои проблеми во комуникацијата. Добро се чувствувате денес.
СКОРПИЈА
Влеговте во нов бизнис и особено ви е важно да се покажете максимално. Можеби некогаш сте напорни за соработниците. Ново познанство е пред вас. Спремни сте да им се посветите на емотивните случувања. Осетлива глава.
СТРЕЛЕЦ
Можеби ќе бидете незадоволни поради некои пречки во работата. Ова не е поволен ден за вас. Наскоро ве очекува разговор за иднината на врската. Можеби длабоко во себе посакувате брак. Склони сте кон алергии.
ЈАРЕЦ
Ако се надевате на голема промена, денешниот ден не е поволен за тоа. Ситуацијата на работа се одвива споро. Вашето незадоволство во односот со личноста која ви се допаѓа доаѓа до кулминација. Проблеми со крвната слика.
ВОДОЛИЈА
Овој ден носи помали стресови на работа. Ситуацијата се развива спротивно од вашите очекувања. Неочекувано ќе сретнете личност со која ќе почувствувате силна хемија и привлечност. Добро се чувствувате.
РИБИ
Очекувајте позитивен пресврт. На деловно поле конечно ги решавате проблемите. Дојде време за големи одлуки. на љубовно поле по денешниот ден многу работи ќе се променат. Можни се проблеми со бешиката.