Џенифер Анистон сè уште го носи свршеничкиот прстен од Бред Пит

Поранешните сопружници Џенифер Анистон (51) и Бред Пит (56) предизвикаа озборување дека се смириле на доделувањето на наградите САГ во Лос Анџелес. Тогаш тој ја фати за раката и не ја пушти иако таа се движеше. Тоа стана главна вест и во медиумите и по социјалните мрежи со неверојатна брзина и фановите на двојката уште еднаш посакаа да има нешто повеќе меѓу нив.
Неколку месеци подоцна странските медиуми пишуваат дека Џенифер тогаш на црвениот килим го носела свршеничкиот прстен што Бред ѝ го дал во 1999 година.

Тој го купил прстенот за половина милион долари и го дизајнирал во соработка со Силвија Дамијани. Прстенот го правел според обетките, кои претходно ѝ ги купил, и Џен била воодушевена од него.

Повеќе од 20 години подоцна, иако одамна беа разделени,  Џенифер пак позира со тој прстен на фотографиите, исто како тогаш кога се венчаа, пренесуваат медимите.

Освен на доделувањето на наградите САГ, Џен и Бред се сретнаа и на доделувањето на „Златен глобус“. Наградата за најдобар спореден актер во филмот „Беше еднаш во Холивуд“ му припадна на Бред, а Џенифер од сè срце го бодреше од публиката.

Странските медиуми објавија дека таа аплаудирала и кога другите не аплаудирале, останала да стои на нозе додека повеќето седеле, а камерите успеале да го фатат начинот на кој го гледала.

 

Scroll to Top