Синот на Миранда Кер не го троши џепарлакот и штеди пари за да купи автомобил кога ќе биде постар.
Австралиската манекенка, поранешен ангел на „Викторија Сикрет“, има три деца – деветгодишниот Флин со првиот сопруг Орландо Блум, Харт (23 месеци) и Мајлс (шест месеци) со вториот сопруг, милијардерот Еван Шпигел, основач на „Снепчет“. Таа сака нејзините деца да растат разбирајќи ја вредноста на парите, па така нејзиното најстаро дете мора да извршува разни задолженија дома за да добие награда. Ниедно од децата не добива играчки освен за „посебна пригода“.
„Флин разбира дека кога станува збор за книги, ние ќе му купиме онолку колку што сака, но играчките се само за специјални прилики, како на пример роденден или Божиќ. Едноставно не се случува во кое било друго време,“ вели Миранда.
„Тој има список задачи што треба да направи, но за нешто дополнително, на пример миење на семејниот автомобил, добива џепарлак.“
„Флин направи штанд за лимонада со другарите, и потоа ги заштеди парите од заработката затоа што му реков дека еден ден ќе треба да купи сопствен автомобил.“
„Јас пораснав во едно мало гратче. Моите родители ја купија најевтината куќа и мораа да работат напорно за пристоен живот. Тие ме научија за вредноста на работата и штедењето,“ вели Миранда во интервју за австралиското списание Инстајл.