Американскиот глумец Леонардо ди Каприо, се приклучи на кампањата за поддршка на најстариот резерват на природата во Африка, по минатомесечниот смртоносен напад на чуварите на горилата во Националниот парк Вирунг во Конго. Станува збор за популарно туристичко место.
Резерватот е познат како живеалиште на загрозените планински горила, пренесува „Би-Би-Си“. Во април, од заседа, се убиени 12 чувари, а се претпоставува дека нападот го има организирано паравоената група од Руанда. Ди Каприо одлучил финансиски да им помогне во новооснованиот фонд, чија цел е да даде поддршка во обновата на паркот.
Холивудскиот глумец учествувал во основањето на Earth Alliance групата, а сега неговата фондација донирала околу два милиони долари, за помош на паркот. Сепак точната сума на донација, засега не е позната.
„Ми беше голема чест да ги запознаам храбрите членови од тимот на резерватот Вирунг, кој храбро застанаа против нелегалното вадење на нафта во 2013 година“, изјавил Ди Каприо кој беше извршен продуцент во документарниот филм „Виринг“, од 2014 година, кој беше номиниран и за „Оскар“.
На Виринг итно му се потребни средства за заштита на загрозените видови на планинските горила, како и за помош на семејствата на чуварите кои загинале за време на нивната должност.
„Мораме веднаш да им дадеме поддршка во настојувањето да се спречи ширењето на заразата. Многу е важно во оваа доба во оваа голема криза, да се држиме заедно“, изјавил глумецот.
Резерватот Вирџин е под заштита на УНЕСКО и е едно од местата со најголем биодиверзитет на планетата. Тука живеат неколку стотина видови на птици, рептили и цицачи. Глобалната организација за заштита на дивите животни, предупредува дека планинските горила се во голема опасност од заразата од коронавиурс.
Опасноста од заразата се заснова на фактот што нивната ДНК се поклопува 98% со човечката. Ди Каприо во последните години, е познат по активизмот, особено кога станува збор за заштита на околината.
За неговите активности снимен е и документарецот „Пред поплавата“, во кој глумецот разговара со светските челници за опасноста што ги носи климатските промени.
Минатиот месец тој учествувал во основањето на Американскиот фонд за храна, иницијатива чија цел е, на сите американски граѓани да им се овозможи редовно снабдување со храна. Фондацијата досега собра околу 26 милиони долари.