Актерката номинирана за Оскар, Селма Хајк, во средата започна кампања за бротив против насилство врз жените заглавени дома со мерките за самоизолација среде пандемија и ги повика своите милиони следачи на социјалните мрежи да бидат солидарни со жените.
Кампањата #StandWithWomen ќе ја води иницијативата на модниот бренд Гучи, Chime For Change, основана од брендот, актерката Хајк и пејачката Бијонсе во 2013 година, и ќе помогне во финансирање на организации кои се борат против семејното насилство ширум светот.
„Се повлекуваме во нашите домови за да се заштитиме од заканата од Ковид-19, но што ако нашиот дом e закана?“ вели Хајк во видеото кое таа го сподели на своите речиси 15 милиони следачи на Инстаграм.
„Важно е да застанеме против родово базирано насилство … Ние можеме да постигнеме промена ако нашите гласови се зближат и заврескаат: Нема повеќе.“
Земји ширум светот издадоа наредби за престој во домашни услови за да се спречи ширењето на коронавирусот, но мерките можат да ги остават жените заробени дома со своите насилници а не можат да бараат помош, пишува „Ројтерс“.
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ги повика државите да преземат итна акција за справување со „застрашувачкиот глобален пораст“ на семејното насилство, додавајќи дека за многу жени и девојчиња честопати е најопасно кога се во нивниот дом.