(Фото) Сузана Манчиќ ја промени фризурата, познатата водителка стана бринета

Познатата водителка Сузана Манчиќ се пофали на социјалните мрежи со новата фризура. Иако целиот свој живот беше русокоса, таа сега објасни дека сака да експериментира и се офарба како бринета.

Вели дека со нетрпение го дочекала олабавувањето на мерките, кои беа донесени за време на пандемијата со коронавирусот, па веднаш отишла во фризерски салон за да се освежи.

Нејзините пријатели на социјалните мрежи имаа поделени мислења за нејзиниот изглед. Додека едни ја пофалија, други сметаат дека нејзината стара боја на коса повеќе и одговара.

„Убава промена, но најдобро ви стои руса коса. Сега изгледате како тетка. Сузана веднаш променете го фризерот“, и напишаа голем дел од нејзините фанови.

Иако влезе во седмата деценија, Сузана и понатаму ја следи глас на исклучително атрактивна жена, за која естетските операции не се страни.

„Зошто водителките немаат право на младешки и свеж изглед? Јас сум за третмани, само да не се претера. Во мои години, убаво е да се биде присутен и посакуван и во медиумите. Веќе две години сум заштитно лице на една модна куќа. Тоа не е мала работа“, изјавила Сузана.

 

 

 

 

Scroll to Top