Заштитник на гениталии, познат како суперсензор, на кој има вештачки дијаманти и иницијалите на Елвис Присли, ќе биде понуден на аукција во Велика Британија. Даниел Вејд, менаџер на „Пол Фрејзер колектиблс“, сега го нуди на продажба во Велика Британија за 52.000 долари. Кралот на рокенролот овој суперсензор го носел неколкупати во 70-тите години, пренесува „Ројтерс“.
Суспензорот го направил еден фан за Елвис, а подоцна тој завршил во колекцијата на Џими Велвет, пејач што го отвори музејот „Елвис“ во Мемфис.
„Тоа е екстравагантно, апсурдно, ама е апсолутно Елвис“, вели Вејд и се надева дека на аукцијата овој заштитник ќе се продаде за повеќе од првично побараната сума.