Компанијата на милијардерот Илон Маск, „Спејс икс“, успешно ја лансираше ракетата „Фалкон 9″ и сондата „Кру драгон” во вселената. Тест пилотите на НАСА, Даг Харли и Бен Бенкен летаат кон Меѓународната вселенска станица. Ова е прво лансирање на човек во вселената од територија на САД по речиси од една деценија.
„Апсолутна чест е да се биде дел од овој огромен настан. Ќе зборуваме повторно од вселената“, изјави Харли непосредно пред лансирањето.
Петнаесет минути од полетувањето, капсулата се оддели од ракетата и тргна кон Станицата. Се очекува летот да трае 19 часови. На Меѓународната вселенска станица астроанутите треба да останат само неколку седмици и да му помагаат на сегашниот екипаж кој се наоѓа во оваа вселенска лабораторија во орбитата на Земјата.
Историскиот лет оригинално требаше да се случи во средата, но беше откажан на 17 минути пред лансирањето поради лошо време.
Маск се надева дека ова е почетокот на комерцијалните летови и на „такси“ превозот во ниската орбита на Земјата.
Шатл програмата за превоз на луѓе и товар на МВС беше стопирана од НАСА во 2011 година, кога агенцијата во вселената го прати својот последен шатл, „Атлантис”.
We have liftoff. History is made as @NASA_Astronauts launch from @NASAKennedy for the first time in nine years on the @SpaceX Crew Dragon: pic.twitter.com/alX1t1JBAt
— NASA (@NASA) May 30, 2020