Јавни личности донираа за кауција на уапсените од протестите во Минесота

Неколку познати личности се здружија и донираа пари на Minnesota Freedom Fund, кој беше основан да се плати кауција за сите уапсени на протестите против убиството на Џорџ Флојд во Минесота. Криси Тејген донирала 200.000 долари, по што ѝ се придружија Стив Карел, Бен Шварц и Дон Чедле, кои ја донираа иста сума. Хари Стајлс, Келани, Лил Нас Х и многу други, исто така се приклучија во акцијата и донираа помали суми, но ги поканија следбениците и колегите да го сторат истото.

Протестите во Минесота почнаа по убиството на Џорџ Флојд. Тој почина на 25 мај во Минеаполис, откако полициски службеник го држеше коленото на вратот неколку минути за време на апсењето и со тоа го задави. Целиот настан беше снимен и објавен на Интернет, а полицаецот што го изврши убиството беше уапсен истиот ден, а потоа беше осуден. Сите други полицајци поврзани со инцидентот беа отпуштени од своите позиции.

Во Америка веќе два дена се одржуваат протести, а голем број демонстранти се уапсени и приведени. Во протестите се изкршени многу објекти, беше запалена и зграда, а дел од Американците ги кршеа и крадеа од продавниците во градот.

Scroll to Top