Пејачката Анабела Атијас пробала да се самоубие пред да влезе во „Задруга“. Таа била во лоша психичка состојба и измешала алкохол со таблети, но ја спасил поранешниот маж, Андреј Атијас, пишуваат српските медиуми. Тие се повикуваат на извор близок до пејачката, кој раскажал за наводната драма што се случувала во нејзиниот дом.
„Додека таа вечер беше во фаза на нервно растројство, Анабела му праќаше пораки на Андреј. Во последната се прости од него и му се извини за сè лошо што му направила и му порача дека тој засекогаш ќе остане нејзина најголема љубов, pa го исклучи својот мобилен телефон. Андреј сфати дека нешто не е во ред и отиде во станот. Анбела беше во бесознание, а тој повика брза помош. Лекарите ја однесоа во болница и ѝ го спасија животот“, рекол изворот.
Анабела наводно решила да се убие незадоволна од љубовта, пропаднатите бракови и заради постојаните караници со нејзината ќерка Луна. Но, таа неодамна влезе во шоутио, каде што во моментов е и Луна со нејзиниот дечко Марко, а и првиот маж на Анабела, Гаги Џогани. Семејството често се расправа, се тепаат навредуваат пред камерите, а медиумите пишуваат дека и Луна и Анабела барем по еднаш доживеале нервен слом од момемтот кога влегле во „Задруга“.