Легендарниот НБА-кошаркар Мајкл Џордан ѝ ветил на неговата љубовница, манекенката Ејми Хантер, во 80-тите години, дека ќе ја сака до неговата смрт, за пред да се венча со првата сопруга да ѝ раскине преку љубовно писмо.
Писмото Џордан го напишал само два месеца пред веќе закажаната венчавка со неговата прва сопруга, Хуанита Ваној, со која веќе го имал неговиот едногодишен син Џефри.
Во писмото Џордан ѝ ги објаснил причините зошто ја прекинува нивната љубовна романса. Писмото на 20 страници Џордан го напишал во 1989 година, во хотел во Мичиген, каде што Чикаго булс престојувале додека со Детроит пистонс се бореле за финалето.
„Ејми, понекогаш сум најсебичната личност на светот, затоа што година дена размислував само за себе. Признавам дека направив грешка, но одлуката не можев да ја променам. Ако ја променев, ќе имавме големи проблеми. Не можеме да живееме со таков притисок“, напишал Џордан, додавајќи дека работите би биле поинакви, ако бил само обичен човек.
„Ејми, да бев обичен човек со работа од 9 до 15 часот, немаше да ми биде тешко да ја признаам грешката. Сепак, јас сум Мајкл Џордан кого го гледаат како совршен пример. Многу луѓе, не само деца, туку и цели семејства. Не можеш ниту да замислиш каква одговорност е тоа? Да не го споменувам бебето кое го имам со дамата која ја сакам уште од мојата трета година. Ејми, секогаш ќе те сакам, сè до денот додека не умрам“, и напишал Џордан.
Славниот кошаркар откако го напишал писмото, по два месеца се венчал со Хуанита во Лас Вегас. Но, двојката се разведе во 2006 година. Со неа Џордан има три деца. Во 2013 година, Џордан повторно се венча со моделот Ивет Пријето, за година дена подоцна да ги добие близначките Викторија и Изабел.
Ни Ејми немала среќа во љубовта. Таа се омажила за продуцентот Тони Корнелиус, но подоцна се развела од него.
Љубовното писмо на Џордан од 20 страници беше продадено во неделата на аукција, за неверојатни 25.703 долари, пренесуваат американските медиуми. Нема сомненж дека истото достигнало неверојатна цена благодарение на документарниот филм „Последниот танц“, кој достигна неверојатен успех и гледаност.