Американците веднаш ги наполнија казината во Лас Вегас по нивното отворање и никој не почитува мерките и препораките, прнесуваат светските медиуми.
Поедини казина и хотели во Лас Вегас ги отворија своите врати, откако државата Невада влезе во втората фаза на укинување на блокадата. На љубителите на коцкањето не им требаше многу време за да ги напонат коцкарниците, целосно игрнорирајќи ги мерките за социјално дистанцирање.
За повторно ги отворат своите врати, коцкарниците морале да поднесат план за надзор на одборот за игри во Невада, во кој требао детално да прикажат како намераваат да се придржуваат до пропишаните мерки, од правилна хигиена, па се до почитување на социјалната дистанца, пишува „Бизнис инсајдер“.
„Белаџио“, во сопственост на MGM Rеsorts и „Њујорк Њујорк“, беа меѓу останатите коцкарници, кои побараа од своите вработени да носат маски и да одржуваат социјално растојание. Но, кога вратите на коцкарниците се отворија, се покажа дека никој не се грижи премногу за мерките за превенција.
Популарнито The D казино, во центарот на Лас Вегас ги преплавија со посетители во првите часови по отворањето. Видео снимката од ова казино, кое ја објави новинарот на весникот Лас Вегас „Ривју Џрнал“, покажува еден куп на луѓе кои стојат на апаратите за рулет, и на слот машините. Работниците и танчарките сепак носеа заштитни маски.
Сепак, никој од надлежните не ги предупреди посетителите да го направат истото и да стават и тие заштитни маски и да држат социјално растојание.
„Луѓето не трошеа време во The D“, напишал новинарот Мик Акерс на „Твитер“.
Портпаролот на ова казино засега се нема огласено за ваквите настани. Акерс додал дека секое место на слот машините било достапно, без никаков простор и растојание меѓу седиштата. Работниците ги дезинфицираат кога некој ќе стане, но тоа не ги спречува посетителите да седат едни покрај други.
Слична ситуација се случила и во „Фремонт“ хотелот и тамошното казино, кое не спречи создавање на гужва во нивните простории.