По 11 недели пауза, во Париз конечно се отворија кафулињата и бистроата кои се заштитен знак на урбаниот живот на градот. Заради новите околности, градоначалничката Ан Идалго им дозволи на сопствениците на локалите да постават маси и на тротоарите, но да ги прошират своите тераси и на улиците. Главен услов е меѓу масите да има растојание од барем еден метар.
„Париз е конструиран за луѓето на улиците, да биде виден, да може да се цени градот визуелно. Ако ги нема пешаците кои разгледуваат наоколу, сите тие градини и куќи ја губат смислата на постоењето“, изјави неоданмна Жоан Дежан, хроничарка на француската култура.
Според неа, за време на пандемијата, два града се издвоиле како најфотографирани во својата испразнетост: Венеција и Париз.
„Париз тешко може да се препознае без луѓето кои уживаат во него“, додала Дежан.