Новак Ѓоковиќ ќе го глуми Никола Тесла во филм

Најдобриот светски тенисер Никола Тесла би можел да го глуми еден од најголемите светски научници во историјата Никола Тесла.

Познатиот српски глумец Милош Биковиќ кој е веќе со докажана успешна интернационална кариера и кој има донесено голема продуцентска куќа во Србија, има желба да го внесе најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во актерските води, дознаваат српските медиуми.

„Милош Биковиќ неодамна разговараше со Новак Ѓоковиќ за плановите за снимањето на новиот филм за Никола Тесла. Новак сигурно би бил најдоброто решение за улогата на Тесла, затоа што и физички потсетува на него, но Милош и српскиот тенисер се свесни дека тоа е малку веројатно, земајќи ги во предвид обврските на Ѓоковиќ и неговиот распоред. Од друга страна, Новак е воодушевен од ваквата идеја и ќе даде поддршка за секоја добра иницијатива во врска со Тесла и српската кинематографија“, вели извор близок до Милош Биковиќ.

Она што е интересно е тоа што Новак Ѓоковиќ потсетува на Никола Тесла, а исто така тенисерот е харизматичен на теренот и поседува дар од неговата интерпретација.

„Оттука не е чудо што Милош му ја понуди улогата токму на Ѓокковиќ со оглед на тоа дека тенисерот и тоа како го имитира и има во себе нешто од Тесла. Да не ги споменувам реперкусиите кои неговата улога би ги имала во светската јавност. Тој е создаден за тој лик, но само е прашање на вклопување“, наведува изворот.

Новак Ѓоковиќ никогаш не криел колку му се восхитува на Никола Тесла и колку е големо неговото значење во светот во кој денес живееме.

„Никола Тесла е еден од луѓето на кого најмногу му се восхитувам во мојот живот, иако немам живеено во неговата ера. Сепак сметам дека тој остави големо наследство за сите нас.Тој е еден од најголемите причини зошто денес имаме ваков живот, зошто имаме бежичен интернет. Сè што е бежично, е негова креација, негов изум. Еден од неговите цитати кои често ги користам е: Еден мора да биде свесен за да размислуваме јасно, но еден може да размислува подлабоко и да биде прилично луд. Тој (Тесла), ја рзбра важноста во имањето на чист ум, да се биде тивок, смирен, важноста да се свртите кон себе си, да тежнеете кон тоа да бидете спокојни, да бидете во совршена хармонија. И вибрациите да можете да создавате, за него беше важно, за да може да ги концептуализира сите свои уреди, сите изуми, идеи кои му доаѓале, да биде поврзан со полињата. А поради нашите одвраќања, поради постојаното барање на начини нешто да ни го одвлече вниманието, било да е тоа храна, цигари, пијалоци, било која зависност, телевизиски програми… мислам дека ние само го пролонгираме неизбежното, а она што е неизбежно е дека ние мораме да се соочиме со нашата најголема задача во овој живот, а тоа е да развиеме свест, да развиеме наши вибрации и да се запознаеме себе си и да бидете најдобра можна верзија на себе си во овој живот. Јас целосно се пронаоѓам во тоа. Чувствувам дека тоа е централната точка. Како да се живее жвотот, кој ќе дозволи изобилство на сите тие феноменални работи?“, изјавил Ѓоковиќ.

За потсетување, глумецот и продуцентот Милош Биковиќ потпишал во Санкт Петербург, протокол за соработка на проектот „Тесла“ со руската Национална медиумска група и е во план, филм и серија за Никола Тесла, а Русите да вложат два милиони евра.

 

„Да не памети светот како земја која го дала најголемиот, можеби и првиот ИТ експерт во светот“, изјавил Милош Биковиќ.

А Биковиќ неодамна посредуваше и за пристигнувањето на една од најголемите продукциски куќи на светот Lervolino entertainment во Србија.

„Lervolino entertainment може да отвори студио било каде во светот, но со оглед на околностите, сопственикот Андреа Јерволино, остана во Белград во моментот на прогласувањето на епидемијата и почна да се запознава со можностите и да види какви се можностите во нашата земја, во доменот на креативната индустрија. Беше во план, во наредните година дена, да основаме студио, но работите ги забрзавме и успеавме да го направиме за два месеци. Андреа е еден од најуспешните продуценти. Тој го направил долгометражниот анимиран филм „Арктички кучиња“, кои на „Нетфликс“ деновиве е третиот најгледан филм во САД, што претставува голем успех. Продолжението на тој филм, тој сака да го направи во Србија“, изјавил Милош Биковиќ.

Iervolino entertainment ќе изгради студио кое за три години ќе вработи 600 млади луѓе, уметници, а постојат седум проекти кои се веќе договорени со големи платформи. До 2031 година, како што најавил Јерволино, ќе бидат инвестирани во производство на анимирани содржини во Србија, преку милијарда евра.

„Нашите клиенти ќе бидат на големата светска платформа, на кои ќе имаме анимирани кратки филмови, кои ќе бидат 100% производство во Србија“, изјавил Милош Биковиќ.

„Планираме раст и развој и на некои српски теми на тие платформи, кои подоцна ќе ги пласираме. Уште еден од плановите ни е тоа да не биде само во Белград, туку да речеме и во селата и во помалите градови, да ги задржиме талентираните луѓе, затоа што тие можат да работат од дома и не мораат да доаѓаат. Така на пример, вие можете да примате плата како некој компјутерски експерт на запад, а да живеете некаде во околунината на Врање. Многу сум возбуден поради тоа. Ова е голема работа. Ние покрај некои големи студија како што се „Дизни“ и „Пихар“ и компанијата на Џефиј Кацемберг, ќе биде третата компанија која ќе се занимава со кратки анимирани содржини.

 

Scroll to Top