Воз прегази еден од најталентираните полски ракометари

Еден од најталентираните полски ракометари Капер Волек, од тимот на КС Вирет, трагично го загуби животот на 18 годишна возраст, откако беше прегазен од воз.

„Утринава ја добивме тажната вест дека нашиот Кацпер повеќе не е меѓу живите. Оваа трагедија многу нѐ погоди, особено што станува збор за исклучително талентиран ракометар и прекрасна личност. Сочуство до неговото семејство“, напишаа од клубот КС Вирет по дознавањето на веста за смртта на Волек.

Спортската јавност во Полска беше потресена од веста дека Волек го загуби животот. Местото на несреќата се случила помеѓу Гора Влодавска и Заверце. Волек се обидел да ја премине пругата на необележан премин.

Засега полицијата го истражува случајот и наскоро ќе се дознае дали станува збор за несреќа или самоубиство.

 

Најпогоден од трагедијата е неговиот тренер Мариуш Шчигел, кој и по повеќе од 24 часа не може да си дојде до себе од сознанието дека го загубил можеби најдобриот поединец во тимот.

Scroll to Top