Сара Сампаио го украде шоуто во еден елитен ресторан во Западен Холивуд во саботата навечер кога се појави во црн фустан со деколте и висок шлиц.
Со нејзиниот стилски имиџ додаде дополнителна доза софистицираност на гламурозната ноќ во познатиот ресторан за морска храна Catch.
28-годишната португалска манекенка го прилагоди својот елегантен изглед со едноставен сребрен синџир, пар обетки и бели чевли.
„Ми недостасуваше дотерување“, напиша на селфито пред огледало кое го постираше на инстаграм-стори.
Подоцна во вечерните часови, таа се врати во апликацијата за да сподели снимка од чоколадна торта ‘Hit Me‘, еден од најубавите десерти во елитниот ресторан.