Илон Маск, Амбер Херд и Кара Делавињ имале секс во тројка, обвинува Џони Деп

Холивудската глумица Амбер Херд го изневерила својот сега веќе поранешен партнер Џони Деп со милионерот и основач на „Тесла“, Елон Маск. Ова го тврди адвокатскиот тим на Џони Деп, кој вели дека имаат изјави од четири сведоци како ги виделе заедно во 2015 година.

Сведоците ги виделе Амбер и Маск заедно со светскиот модел Кара Делавињ, како влегуваат во пентхаусот на глумецот во Лос Анџелес. Амбер го изневерила Деп само еден месец по нивната венчавка, тврдат адвокатите, повикувајќи се на изјавите на сведоците.

Маск негирал дека имал секс во тројка со Амбер и Кара. Милијардерот изјавил дека со Кара е само пријател, а врската со Амбер ја започнал дури откако таа раскинала со Деп. За потсетување, Амер и Деп се разделија во 2017 година.

„Кара и јас сме само пријатели, но никогаш не бевме интимни. Таа ќе го потврди тоа. Можам да потврдам и дека со Амбер почнавме да излегуваме месец дена откако се раздели со Деп. Мислам дека не бев ниту во нејзина близина додека беше во брак“, изјавил Маск за светските медиуми.

Ниту Амбер ниту Кара не се огласиле за овој настан. Илон Маск неодамна доби син со кандаската пејачка Гремјс, а на Твитер откри дека детето добило шифрирано име X A A-12.

Тој ѝ порача на Амбер и Деп да ги закопаат воените секири и да продолжат понатаму.

За потсетување, Амбер е на суд со Џони Деп. Таа пред судот изјавила дека била жртва на семејно насилство. Тој, од друга страна, негирал дека на кој било начин ја вознемирувал Амбер и тврдел дека таа е таа која вршела семејно насилство над него.

 

 

Scroll to Top