Иванна Хаџиевска, поранешната шефица на протокол на експремиерот Зоран Заев, а сега советник за меѓународни односи и соработка со организации, има нова тетоважа. Таа на раката истетовира црвена булка.
„Никогаш не се плаши да си булка во поле полно со глуварчиња“, напиша Иванна.
Пријателите ѝ ја бендисаа тетоважата, па коментираат дека е секси.
Инаку, Иванна, која е дипломиран социолог и магистер по политички науки, во интервју за „Репортер“ претходно зборуваше за своите политички ангажмани, но и за тоа како е да се работи за Заев, па рече дека пред сè работи за човек, а потоа за политичар.
„Политиката можеби не е во центарот на моето работење, но ако некогаш решам да се занимавам со политика и да станам политичар, навистина имам добра подготовка“, ни кажа тогаш.
Иванна е и една од ретките јавни личности кај нас кои на работното место одат со точак. И не само на работа, туку и речиси во сите институции таа доаѓа со велосипед. Таа некогаш беше дел од тимот на телевизијата „А1“, со екипата на „Ексклузив“.