Рон Џереми (67), кралот на порнофилмовите, е обвинет за силување три жени и сексуален напад на уште една. Против него е покренато обвинение од страна на јавниот обвинител во Лос Анџелес и тој е однесен пред судија кој го одреди датумот за судење. Ако го прогласат за виновен, Џереми може да добие казна од 90 години затвор.
Рон Џереми е обвинет за три случи на насилно силување и насилно пенетрирање со туѓ предмет и во еден случај за присилен орален секс и сексуално насилство, пренесува Си-ен-ен.
Џереми има глумено во повеќе од 2.500 порнофилмови во неговите 40 години кариера. Неговиот менаџер, Данте Рушиолели, изјавил дека Џереми нема да му биде веќе клиент, но и додал дека обвинувањата против него се лажни.
Магазинот „Варајити“ објави дека тој е обвинет за три инциденти кои се случиле во 2017 и 2019 година. Џереми наводно во два наврати нападнал 33-годишна и 46-годишна жена, а обвинет е и за силување на 30-годишна жена во јули 2019 година. Сите инциденти се случиле во ист бар во западен Холивуд.