Германскиот тенисер Александер Зверев, кој објави дека ќе биде во изолација оти учествуваше на „Адрија тур“, викендов се забавуваше во приватен клуб во Монте Карло. Откако на социјалните мрежи се појавија видеата на кои Зверев се журка, тоа предизвика негативни реакции во јавноста. Најгласен од сите беше австралискиот тенисер Ник Киријос.
„Има многу поконтроверзни работи што се случуваат во светот, но една навистина се истакнува, кога го гледам Саша Зверев повторно! Колку себичен можеш да бидеш? Ако имаш храброст да поставиш твит напишан од својот менаџерски тим дека 14 дена ќе одиш во изолација и ѝ се извинуваш на јавноста, барем имај храброст да останеш дома 14 дена. Боже! Овој тениски свет навистина ме нервира. Колку себични можете да бидете сите?“, напиша Кирјос.
Зверев беше дел од „Адрија тур“ на Новак Ѓоковиќ. По турнирот Ѓоковиќ, Борна Чориќ, Виктор Троицки, Григор Димитров и Горан Иванишевиќ открија дека се позитивни на коронавирусот. Германскиот тенисер имаше негативен тест, но најави дека ќе оди во самоизолација им се извини на сите кои ги ставил во ризик. Истото им го препорача и на сите со кои бил во коктакт. „Чувајте се и бидете безбедни“, напиша тогаш тој.
Sascha Zverev six days ago after Adria Tour coronavirus cluster:
“I deeply apologize to anyone that I have put at risk…I will proceed to follow self-isolating guidelines…stay safe 🙏.”
Sascha Zverev four hours ago: pic.twitter.com/vqBXvYdxkv
— Ben Rothenberg (@BenRothenberg) June 28, 2020