(Фото) На Викторија не ѝ се допаѓа стилот на Дејвид Бекам

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам вели дека неговата сопругата Викторија не е воодушевена од неговиот стил. Тој на „Инстаграм“ напиша дека модната дизајнерка често го критикува неговиот избор на облека, особено кога тој ќе избере силни бои или шарени комбинации.

„На Викторија баш и не ѝ се допаѓа мојот џемпер, ама мислам дека изгледа одлично“, напиша некогашниот фудбалер.

Не е првпат Дејвид да каже јавно дека Викторија му се потсмева на стилот. Откако објави заедничка слика на која тој носи маичка со принт од серијата „Пријатели“ и долго кожен синџир, Викторија иронично му искоментирала: „Убав ѓердан, супер смело!“.

Но, облеката на Дејвид му се допадна на Метју Пери, кој го глумеше Чендлер Бинг во серијата. Тој ја сподели сликата од Бекам на својот инстаграм-профил со порака „Овој човек има навистина добар вкус. Кој и да е.“

Scroll to Top