Додека Гордана Сиљановска-Давкова шизеше во сабота вечерта на рок, Никола Димитров отиде со фармерки да лови риба. И, така, во екот на политичката кампања кандидатите прават сè да им се доближат на гласачите, а на социјалните мрежи хуморот е на највисоко ниво.
Од кометарите: „Министре, со фармерки и бела кошула не се иде на риба, освен ако не е на две нозе“, до „Лани Гога-јога, сега Гога-нога на волку играње“…, шегите не престануваат.
Овој пат најмногу смеење имаше на спотовите на ВМРО-ДПМНЕ, каде што Мицкоски „лечи искривена кичма со допир“, ама не помина ни Заев поарно откако шеташе на пазар за сам да си избере најсочни праски. Ако ништо друго, барем добро се изнасмеавме деновиве.
Носев мини кога го освоив бунтовникот Благоја – Приватно со Гордана Сиљановска-Давкова