Ќерката на Стивен Спилберг стана тетовска снаа

Ќерката на американскиот режисер и продуцент и добитник на повеќе Оскари Стивен Спилберг, Дестри Алин, стана тетовска снаа. Алин се вери со нејзиното момче Генц Легранд, со кого е во врска веќе подолго време.

Легранд е син на радиологот од Тетово Кабил Тахири, кој живее во Швајцарија, објави Алсат-м.тв.

Веста ја објави лично Алин во петокот на нејзиниот инстаграм-профил, пишува „Холивуд репортер“. Алин сподели две фотографии, една со Генц, а на другата го покажа свршеничкиот прстен.

„Многу сум возбудена што го продолжувам животот со мојот близок пријател. Ова е најдобриот ден во мојот живот. Те сакам“, напиша Алин.

Еле Фанинг, Кејтлин Девер, Жулијан Мур, Ирланд Болдвин и нејзината сестра Саша Спилберг се меѓу оние кои ѝ честитаа на Алин за свршувачката. Таа го смени своето славно презиме кога ја почна својата кариера во Холивуд.

 

Scroll to Top