Дрвената статуа на американската прва дама, Меланија Трамп, која беше поставена во близина на нејзиниот роден град Севница во Словенија, е запалена. Американскиот уметник Бред Дауни, кој ја осмисли и нарача скулптурата, изјави дека таа е запалена на 4 јули, Денот на независноста на САД. Следниот ден тој организирал статуата да се отстрани, пренесе Би-би-си.
Полицијата во Словенија соопшти дека во тек е истрага за инцидентот.
Статуата на Меланија Трамп во природна големина беше подигната во јули минатата година. Ја изработи локалниот уметнички столар Алес Зупевц, познат како Макси, а по нарачка на Дауни.
Statue of Melania Trump set on fire in Slovenia
Here is the link to an article about it https://t.co/2g810AAqTL pic.twitter.com/XWFVE4nmNP
— Hear Mags Roar 🌊🌊🌊 (@Stop_Trump20) July 9, 2020