Српската фолк-пејачка Лепа Лукиќ и во време корона не се откажува од својот најголем порок, коцкањето. Таа е фотографирана во казино во Белград додека игра покер, но ги почитува правилата за заштита, па носи маска и ракавици.
Не е тајна дека 80-годишната пејачка обожава да оди во казино. Таа не крие дека се коцка, а вели, со своите пари може да си прави што сака.
„Кога беше стегната ситуацијата 60 дена од дома не излегов, волонтери ми носеа храна и сè што ми требаше. Сега ќе правам што сакам и за мои пари ќе висам каде сакам. Не крадам. Имам години и нема да ги ставам парите под перница“, рекла Лепа.