Пејачот Милан Мики Обрадовиќ избегал од ковид-болницата „Арена“ во Белград, каде што бил сместен неколку дена, пренесува „Блиц“. Тој вчера без одобрување и без заштитна опрема си заминал, а полицијата веднаш тргнала во потрага по него.
Тој не сакал да покаже отпусна листа пред да излезе од болницата, оти ја немал, па се скарал и си заминал дома. Во изјава за „Блиц“ рекол дека не му се допаѓало во болницата.
„Сакав да си дојдам дома, во самоизолација. Не ми годеше прашината таму. Разговарав со докторите, некои не се согласија да си одам сам. Не можев да останам, здравјето ќе ми беше загрозено. Се чувствувам подобро, не најдобро. И понатаму се чувствувам уморно, но последните денови немам температура. Нема да се правдам“, рекол Милан