Светскиот моден дизајнер Викторија Бекам ќе го исфрли нејзиниот син Бруклин од тестаментот, ако тој се ожени со Никол Пелц, пишуваaт светските таблоиди.
Бруклин неодамна се вери со својата девојка Никол, со која беше во врска девет месеци. Иако изминатиот период медиумите пишуваа дека Бекам и Викторија се пресреќни што нивниот најстар син ќе се жени, сепак сега во јавноста се појавија шпекулации дека работите не се идеални како што се чинело на прв поглед.
Според пишувањата на некои таблоиди, Викторија му поставила ултиматум на синот да одбере меѓу своето семејство или девојката. Како што пишуваат тие, Никол е со Бруклин само заради неговите пари и ништо повеќе од тоа.
Викторија Бекам има желба нејзиниот син прво да изгради кариера пред да се венча.Таа смета дека Бруклин е премлад за да се венча и дека сè уште не знае што да прави со својот живот.