Џенифер Анистон ќе биде кума на ќерката на Кети Пери

Џенифер Анистон ќе им биде кума на Кејти Пери и Орландо Блум, пишуваат светските медиуми. Пејачката се одлучи нејзината долгогодишна пријателка да ѝ биде кума на нејзината ќерка, која ја чека со сопругот Орландо Блум.

Многумина нејзини пријатели сметаат дека Пери не можела да донесе подобра одлука. Сите сметаат дека Џенифер ќе биде одлучна кума на нивната ќерка, затоа што е позната по тоа што таа ги обожава децата, а и тие неа.

Извори блиски до двојката велат дека Џенифер била воодушевена од одлуката на Пери да ја избере неа за кума, а некои кои биле со неа во тој момент, велат дека глумицата едвај успеала да не заплаче од среќа.

 

Scroll to Top