Дара Чалениќ од „Жикина династија“ наполни 86 години

Вчера српската глумица Дара Чалениќ, наполни 86 години. Откако беше објавена нејзина фотографија, речиси сите српски глуцми и го честитаат роденденот.

„Да ги зачуваме од заборав овие легендарни глумци“, се вели во објавта.

Дара која стана популарна како жената на Жика Павловиќ во филмот „Жикина династија“, се откажа од улогата поради нејзиниот сопруг. Актерката, која и денес сите ја паметат по популарната реченица „Љуби га мајка“, вели дека не ѝ било воопшто лесно да се откаже од ликот кој ѝ донесе огромна слава.

„Мојата одлука да живеам со мојот сопруг во Америка е причината што го раскинав договорот. Но, убаво е да се чуе дека сите ме паметат од ‘Жикина династија’. Се зборува дека многу луѓе неколку пати ја гледале таа ТВ-серија на Зоран Калиќ. Се чувствував многу добро на сетот, како дома, но морав да престанам да снимам. И не ми се допаѓа што ликот на Дара стана премногу популарен. Често кога ме гледаа на улица, луѓето не ми се обраќаа како Дара Чалениќ, туку со ‘љуби га мајка’,“ рекла глумицата.

 

86-годишната Дара долго време живееше во Америка, но сега повторно е во Србија. Таа веќе неколку години не може да оди, туку седи во инвалидска количка, а сопругот се грижи за неа.

„Животот во Бостон беше многу разновиден. Ја сакам гимнастиката, затоа слободното време го користев за вежбање, а навечер во кино, театар или концерт во познатата симфониска сала. Читав и патував многу. И сега читам. Понекогаш, иако не успевам многу, пробувам и да готвам. Мојот маж Влада ја обожава мојата храна, па пресреќна сум кога ќе можам да му зготвам нешто и да го расположам“, раскажала некогашната глумица.

Scroll to Top