Глумицата Софи Тарнер и музичарот Џо Џонас станаа родители. Популарната Санса од „Игра на тронови“ роди ќерка која ќе се вика Вила. Таа се породила пред една недела во Лос Анџелес, а веста сега ја пренесе „Ти-ем-зи“.
Во февруари таблоидите во Америка открија дека англиската глумица е бремена, иако таа и пејачот на „Џонас брадрс“ пробаа да ја скријат бременоста. Двојката една година претходно се венча во тајност, во капела во Лас Вегас, по музичките награди „Билборд“.