Босанскиот глумец Драган Маринковиќ- Маца две години откако ги изгуби трите бебиња со сопругата Јована јавно проговори за маката низ која поминале. Маца и 20 години помладата Јована се четири години во брак. Тие сè уште немаат деца, откако таа во првата бременост ги изгуби тројките. Од ова, вели Маца, Јована тешко закрепнала, но сега е добра и спремна да стане мајка.
„Решив да зборувам јавно за трагедијата што ни се случи само затоа што тоа е минато. Кога ги изгубивме бебињата дознав дека уште многу луѓе околу мене минуваат низ истото. Па ако е така, ајде да зборуваме јавно, зашто постои проблем. Знам како влијаеше тоа на Јована, како влијаеше на мене. Не му посакувам на никого такво искуство. Мојата Јована заслужува да биде мајка. Таа е грижлива, силна, полна со љубов, ќе биде биде одлична мајка“, рекол Маца во интервју за „Хелоу“.
Популарниот водител веќе има два сина од претходните бракови, Лав (10) и Фјодор Симеон (16), а неговата сопруга одлично се согласува со нив.
„Гледам како се однесува со моите деца и се надевам дека ќе станеме родители. Тоа ѝ беше прва бременост, многу двојки поминуваат низ истото. Јована е прекрасна и сакам да почувствува како е да се биде мајка“, додал Маца.
„Ги загубивме трите бебиња“, босанскиот глумец раскажа за најтешкиот период во животот