Помошникот-министер за трговија и врски на Босна и Херцеговина, Жељко Матоц, на себе носел само поткошула за време на онлајн-седницата со останатите министри во Собранието.
Колегите го гледале со чудење на екраните, а за ситуацијата да биде уште понепријатна, Матоц во тоа време вечерал.
Инаку, седницата на Собранието на Федерацијата на Босна и Херцеговина се пренесува во живо и е достапна он-лајн за сите граѓани на државата.