Вчера, во Бодрум, во едно од најпознатите туристички места, Чешме, се венча познатиот турски актер Бариш Ардуч со својата девојка Ѓупсе Озај. Бариш, кого публиката го запозна како Омер од хит-серијата „Изнајмена љубов“, го носи статусот на еден од најзгодните турски актери. Тој и Ѓупсе веќе цел месец се на море во Бодрум, каде што секоја година доаѓаат и ова е едно од омилените места за летување на познатите од Турција.
Бариш и Ѓупсе планираа голема церемонија во Истанбул, но поради короната, ја одложија свадбата. Двојката беше долго време во љубовна врска, од 2014 година. Озај е една од најпознатите актерки, која глуми во комедии, а и нејзините неколку филмови, каде што таа се појавува и како режисер, имаат двојно поголема заработка од сериите.