Германецот Кристијан Мејер во берлинската населба Целенфроф, успеал да снии лица како носи две влечки во устата. Подоцна се испоставило дека дивото животно било одговорно за исчезнатите стотина влечки, сандали и патики.
Во изминатиот период голем број жители од тамошното место, се жалеле дека од пред нивните домови исчезнувале нивните обувки.
Подоцна била откриена лисицата која во нејзината колекција биле пронајдени влечки, сандали и патики. Токму Мејер ја алармирал населбата откако забележал дека му недостига една патика, по што дознал дека не е единствениот со таков проблем.
Иако го открил скривалиштето на крадецот, Мејер не успеал да ја пронајде својата патика.