Балетанките и мокасинките се одличен избор за сите оние кои не сакаат чевли на потпетица. Станува збор за обувки со рамен ѓон кои одлично се комбинираат за дневни и вечерни прилики.
Овие флексибилни обувки, одлично ќе изгледаат со деловен костим, фармерки, како и здолништа и фустани. А исто така, ќе го подигнат секое модно издание.
На пазарот може да се најдат балетанки и мокасинки во разни бои, иако најпопуларни се оние во црна или во боја на кожа. Оваа есен особено ќе бидат популарни моделите кои се украсени со метални детали.