Ќерката на Ози и Шерон Озборн, Кели, ослабе 40 килограми. Ѕвездата на реалното шоу „Озборнови“ е непрепознатлива со новиот имиџ, а фановите се воодушевени.
Кели, која од дете се борела со вишокот килограми, сега изгледа одлично. Таа вели дека ослабела благодарение на строга диета и напорни вежби.
„Никогаш не ми било подобро“, рекла Кели, која постојано објавува слики на социјалните мрежи со новиот изглед.