Младата планинарка Ирина Дишовска во црвен долг фустан го искачи кањонот „Матка“, без никаква опрема. Таа вели дека ова е симболичен начин на кој сака да ја покаже моќта на жените.
„Овој пат сакам да им се заблагодарам на сите што ми дадовте поддршка и што на ваков или онаков начин го разбраа мојот перформанс. За оние неупатените, сакам да кажам дека ова е уметнички перформанс со кој сакам да ја прикажам женственоста, а воедно и моќта на жената во едно кусо видео.
И на крајот, за критичарите и оние што упатуваат навреди, сепак едно кусо образложение. Мојата физичка и ментална форма е беспрекорна во моментот. Оние што имале шанса да се качуваат со мене, ќе го потврдат тоа. Зад овој (како што го нарекувате луд) подвиг стојат години тренинг и искуство. И, не, не мислам дека со ова ќе ги мотивирам еготриповите да се качат на истово место боси или во костим како мене. Напротив, мислам дека со ова ќе мотивирам и инспирирам што повеќе жени и мажи да не се откажуваат од своите замислени цели. И клучот е наједноставен. Тренинг и само тренинг. Другото е историја“, напиша таа на својот фејсбук-профил.
Видео од искачувањето: