Сопственикот на телевизија „Пинк“, Жељко Митровиќ, му се заканува казна затвор, заради неплатен данок во висина од два милиони евра, пишува naslovi.eu.
Митровиќ, кој своевремено беше и сојузнен пратеник и шеф на секторот за маркетинг на Југословенската левица, има долга историја на неплатен данок кон државата и истовремено добивање на државни субвенции за свои приватни фирми.
Тој деловната кариера ја започна како и сите други тајкуни во Србија, злоупотребувајќи го јавното добро, поконкретно, инфраструктурата на РТС за својата нова телевизија „Пинк“, во периодот од 1994 до 2000 година, пишува naslovi.eu.
Без учество на конкурс, тој добивал фреквенција од партиските колеги од ЈУЛ, а кои биле на чело на сојузното министерство за телекомуникации. Секогаш умеел брзо да се прешалта во новата власт, пишува naslovi.eu.
Првите гости на телевизија „Пинк“, по прекинот на програмата од 5. октомври 2000 година и политичките промени, биле Младен Динкиќ и Ненад Чанак.
Вистинското богатство стигнува во време кога ДОС ќе го ослободи од одговорностите. Но, екстрапрофитерството го остварува под властите на СНС, која од една страна му ги простува и репрограмира даночните долгови, а од дуга страна, му дава големи државни субвенции.
Според достапните извори, затоа што податоците и понатаму се кријат од јавноста, Даночната управа при Министерството за финансии од 2012 година до 2016 година, го одложила долгот на телевизија „Пинк“ во висина од 1,52 милијарди динари на 93 рати, додека од 2014 година до 2019 година, и покрај огромните даночни долгови, Жељко Митровиќ добил финансиска поддршка од Агенцијата за осигурување и финансирање на извоз во висина од 1,28 милијарди динари.
Најновото е новото репрограмирање на даночниот долг кој е одобрен за PINK INTERNATIONAL COMPANY, која должи 146 милиони динари, додека Жељко Митровиќ, како физичко лице, не го платил годишниот данок на доход во висина од 104 милиони динари.
Ова се податоци од Единствениот регистар на даночни обврзници од 3. август 2020 година.
Ако на тоа се додаде и дека е згасната Агенцијата за уметничка обработка на звук „Пинк студио Жељко Митровиќ“, која останала должна за неплатен данок од 2016 година, во висина од 3 милиони и 724.000 динари, се добива вкупен долг од преку 250 милиони динари, по разни основи.
Веќе е подготвена и новата фирма за нови државни субвенции, која на 31 јули, била регистрирана како RED NETWORK, новата фирма на Жељко Митровиќ.
Власта која принудно не го наплатува огромниот долг за данок на богаташите, уште повеќе им дава државна помош пишува naslovi.eu.