Триесет жени го обвинија Куба Гудинг Џуниор за сексуално злоставување, пишуваат светските медиуми. Според „Индипендент“, на глумецот му се заканува затворска казна.
За време на сослушувањето во вторникот, адвокатот на Куба, Питер Тумбекис порача дека треба да му биде дозволено да испита една од жените кои го тужеле неговиот клиент, за нејзината лична траума која ја доживеала за време на злоставувањата кои ги преживеала во детството.
Оскаровецот во моментов се наоѓа на суд поради шест обвинувања за непримерно сексуално однесување, односно допирање за кои го обвинуваат уште три жени.
Судењето започна во април, но беше одложено поради пандемијата со коронавирусот.
Во четвртокот обвинителите изјавиле дека од подигнувањето на обвинението, во јавноста се произнеле уште неколку жени, кои излегле со слични обвинувања против глумецот, со што вкупната бројка на жени, стигнала до 30.