Албумот на Џамбо Агушев прогласен за најдобар во светот

Кралот на трубата, Џамбо Агушев, се пофали дека неговиот последен албум „Брасес фор д масес“ е избран за најдобар на светот за 2020 година, според германските музички критичари German Record Critics.

„Јас сум многу среќен и сакам да ја споделам оваа прекрасна вест со сите вас, секако дека е награда за мојата Македонија, која и ја презентираме низ целиот свет. Мојот албум е повторно награден со престижната награда на German Record Critics како најдобар албум на светот во 2020 година. Ви благодарам на сите за вашата неверојатна поддршка, што верувате во мене и мојот оркестар!“, напиша Џамбо на својот „Фејсбук“.

Познатиот музичар неодамна за „Репортер“ зборуваше за албумот што го промовираше во март, на почетокот на пандемијата. Ни раскажа дека поради короната морал да откаже околу 100 концерти. Во интервјуто Џамбо раскажа и неколку интересни случки со неговиот оркестар, па вели, еднаш наместо во македонска црква, сите од оркестарот завршиле во полиција.

„Наместо во македонска црква, завршив во затвор“, искрено со Џамбо Агушев

Scroll to Top